Фото: Steve Hemmerstoffer / @onleaks

Како што неофицијално се најавуваше, Samsung оваа година ќе ја претстави Galaxy S серијата месец дена порано од обично. Настанот е официјално закажан за 14-ти јануари, четврток, а ќе може да се следи во живо почнувајќи од 16:00 часот по македонско време.

Неофицијалните информации кои се стандардни пред претставувањето на уредите веќе одамна се нормален дел, а тие откриваат се повеќе работи за уредите. Можеби не е лошо да овој тренд престане, па настаните да бидат вистинско изненадување и фановите со нетрпение да ги очекуваат.

За Galaxy S21 телефоните ги имаме повеќето информации, па веќе имаме претстава што да очекуваме, а еве кои се главните карактеристики кои ќе ги имаат овие телефони.

Исто како и минатата година со S20 серијата, S21 ќе дојде со три различни модели. Galaxy S21 и S21+ ќе бидат двата модели со исти карактеристики, различни само по големината на екраните, додека Galaxy S21 Ultra ќе дојде и со различни карактеристики.

Големината на екраните кај телефоните се очекува да биде 6,2 инчи кај Galaxy S21, 6,7 инчи кај Galaxy S21+, како и 6,8 инчи кај Galaxy S21 Ultra моделот. Ова се во главно истите димензии за екраните од минатата година, со тоа што изгледа Ultra моделот има минимално намалување за 0,1 инч. Рамките околу екранот ќе бидат дополнително намалени, со што се очекува уште подобар изглед.

За разлика од ланските модели, оваа година првите два ќе имаат рамни екрани, без познатото заоблување од страните, а исто така ќе имаат максимална резолуција од Full HD+, која повеќето корисници и така ја користат поради ограничувањето на истата за користење на стапката на освежување од 120Hz.

Исто така, за овие модели се очекува да бидат изработени од пластика на задната страна, како што беше случајот со Galaxy S20 FE, нешто што помина добро кај корисниците.

За разлика од овие модели, Galaxy S21 Ultra ќе ја задржи заобленоста на екранот, како и поголемата резолуција со 120Hz стапка на освежување која најверојатно ќе биде прилагодлива, исто како кај Note20 Ultra моделот.

На задната страна Galaxy S21 серијата добива редизајн на модулот за камерите кој ќе се прелева од страната на уредот, наместо да биде само во веќе познатата правоаголна форма.

Камерите кај S21 и S21+ ќе бидат три, додека кај S21 Ultra ќе има уште една додатна камера. Кај Ultra моделот исто така ќе има ласерско фокусирање, кое ќе го нема кај „послабите“ модели.

Сензорите на камерите се очекува да се надградени, иако тие повторно ќе ги имаат 12-те мегапиксели, како и 108 мегапиксели кај Ultra моделот со сликање на слики со 12 мегапиксели со спојување на пиксели. Кај S21 и S21+ главниот сензор ќе има 64 мегапиксели, како и лани, со сликање на слики со 12 мегапиксели.

На предната страна останува камерата поставена во мала дупка, која би требало да биде помала, а најверојатно и последен пат да се користи пред поставување на камерата под екранот во идните модели.

Работата на Galaxy S21 се очекува да биде доста подобра, а посебно кај моделот за нашиот пазар. Причината за тоа е уште ненајавениот Exynos 2100 за кој се очекува оваа година да биде подобар од Snapdragon 888 и со тоа на корисниците да им овозможи голем напредок во перформансите во споредба со ланските модели.

За Ultra моделот се очекува и поддршка зa S Pen, нешто што прво се сметаше како доказ дека Samsung ќе ја откаже Note серијата, но тоа изгледа нема да се случи оваа година. S Pen кај S21 Ultra ќе се купува посебно и ќе може да се чува во посебно прилагодени футроли.  

Телефоните ќе имаат и поразличен избор на бои од обично, а посебно кај основниот модел, а се очекува и одредено намалување на цената за разлика од ланските модели.

Претходна статијаTwitter ја суспендира сметката на Доналд Трамп и најави спречување на обидите за објава од други сметки
Следна статијаМобилното банкарство на Халкбанк сега достапно и на AppGallery на HUAWEI
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.