Samsung официјално почна да ги испраќа поканите за нивниот „Unpacked 2021: Welcome to the Everyday Epic“ настан кој го закажа за 14-ти јануари со почеток во 16:00 часот по македонско време.

Иако како и обично во самата покана не стои информација што ќе биде претставено на настанот, поради огромниот број на неофицијални информации, знаеме дека се работи за наредната генерација од Galaxy S серијата, која како што говореа информациите, оваа година ќе дојде месец дена порано.

Се очекува претставување на три модели, како и што беше случајот лани со Galaxy S20 серијата. Тоа значи дека корисниците ќе го имаат изборот помеѓу Galaxy S21, S21+ и S21 Ultra. Како што беше случајот и лани, според информациите, првите два модели ќе бидат исти, а ќе се разликуваат само по големината, додека Ultra моделот ќе ги донесе повеќето поголеми карактеристики.

Galaxy S21 Ultra се очекува да добие поддршка за S Pen, а исто така ќе ја задржи заобленоста на екранот која би требало веќе да ја нема кај првите два модели.

Galaxy S21 треба да донесе понова генерација од камерите, сензорот за отпечатоци на прсти, како и доста подобриот Exynos 2100 кој овој пат нема да биде послаб од конкурентот од Qualcomm.

Од видеото кое Samsung го објави како најава за настанот, може да се види модулот за камерите, со што се потврдуваат досегашните неофицијални информации и слики. Овој модул ќе биде направен да се „прелева“ од страната на уредот.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаКупиКнига.мк: Најпродавани книги во Македонија за 2020 година
Следна статијаGalaxy Buds Pro се новите безжични слушалки кои Samsung ќе ги претстави со Galaxy S21
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.