Samsung уште нема излезено со официјална најава за настанот на кој треба да бидат претставени новите телефони од Galaxy S серијата, иако тоа се очекува да биде порано од обично, поточно на 14-ти јануари идната година.

Како и секогаш, како се ближи датата на претставување на некој уред, неофицијалните информации зачестуваат до степен каде веќе и не останува многу што да изненади при официјалното претставување, па тие се тука само за потврда.

Познатиот Evan Blass (@evleaks) излезе со слики на кои се гледаат сите бои во кои ќе бидат достапни Galaxy S21, S21+ и S21 Ultra.

Според информациите, а и сликите во продолжение, се очекуваат следните бои кај трите модели:

Galaxy S21: Црна, бела, розова и виолетова.

Galaxy S21+: Црна, бела и виолетова.

Galaxy S21 Ultra: Црна и бела.

Кај Galaxy S21 серијата се очекува само Ultra моделот да има екран кој е заоблен на страните, додека другите два модели овој пат ќе дојдат со рамен екран кој се покажува се повеќе популарен.

Исто така, се очекува да задната страна од уредите биде направена во мат изведба, барем кај првите два модели од кои барем кај едниот се очекува материјалот да биде пластика.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаOvosen.mk е првата онлајн продавница создадена од глуви лица
Следна статијаMessages од Samsung почнува да добива поддршка за RCS системот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.