По претставувањето на блог кој не продолжи да функционира и за кој се веруваше дека е големото најавено враќање на Трамп на интернет, како и поврзување на неговото име со уште една нова друштвена мрежа, сега конечно ја имаме новата друштвена мрежа зад која официјално стои поранешниот претседател на САД.

Најавата за новата друштвена мрежа доаѓа со одлуката за спојување на двете компании, Trump Media & Technology Group (TMTG) и Digital World Acquisition Corp. (DWAC). Со ова спојување се најавува и дека вредноста на компанијата ќе биде околу 875 милиони долари, со можност за дополнителни 825 милиони.

Името на друштвената мрежа е TRUTH Social и оваа мрежа веќе има веб страна на која заинтересираните корисници ќе може да се приклучат на листата на чекање. Првата и ограничена тест верзија од мрежата се најавува за до крајот на годината, додека целосното пуштање е планирано за идната година.

Како што би се очекувало, оваа друштвена мрежа треба да биде другата, обратната, страна од либералниот тренд на забрана на личности, одлука што смее, а што не смее да се објавува, разни движења за права кои во основа се што прават е нарушување на правата на останатите.

Доналд Трамп е претседател на одборот на директори на компанијата, а во најавата за новата мрежа тој истакна:

„Ги создадов TRUTH Social и TMTG за да се спротивстават на тиранијата на големите ИТ компании (Big Tech). Живееме во свет каде талибанците имаат огромно присуство на Twitter, додека вашиот омилен американски претседател беше замолчен. Ова е неприфатливо. Возбуден сум да ја испратам првата ВИСТИНА (TRUTH) на TRUTH Social наскоро. TMTG е основана со мисија да им даде глас на сите. Возбуден сум наскоро да почнам да ги споделувам моите мисли на TRUTH Social и да се борам против големите ИТ компании. Сите ме прашуваат зошто никој не им се спротивставува на големите ИТ компании? Па, ние ќе се спротивставиме наскоро.“

Покрај друштвената мрежа, од компанијата се најавува и пуштање на сервис за стриминг на видео TMTG+. Како главна карактеристика на TMTG+ се истакнува содржина која нема да биде „woke“, нешто што ја преполни, посебно новата, содржина на Netflix.  

ИЗВОРTMTG
Претходна статијаПочна тестирањето на достапноста на Android апликации во Windows 11
Следна статијаЗапознајте го HUAWEI nova 9 – динамичен и стилски паметен телефон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.