По блокирањето на Доналд Трамп од друштвените платформи по случувањата пред Конгресот на САД во јануари, дојдоа најави дека поранешниот претседател ќе се врати во јавноста преку сопствена мрежа. Оваа најава дојде во март, но досега не беше претставена новата платформа која беше најавена од луѓе блиски до Трамп.

Нова платформа се бара не само поради враќањето на Трамп, туку и поради можноста за слободно изразување на неговите поддржувачи кои не ретко се блокирани или ограничувани на Facebook и Twitter.

Gettr е нова друштвена мрежа која почна со работа оваа недела зад која стои поранешниот портпарол на Доналд Трамп, Џејсон Милер. Нема официјална најава дали ова е платформата преку која се најавуваше враќањето на Трамп, а исто така уште не е јасно дали тој ќе почне да ја користи, иако е најавено дека неговото име е резервирано.

Новата платформа е направена во стилот на Twitter, односно начинот на објавување е направен да биде со кратки текстуални објави, во овој случај ограничени на 777 карактери, а исто така може да се објавуваат и слики, видеа, како и видеа во живо. На објавите може да се коментира, да се лајкуваа, како и да се споделуваат.

Името Gettr наводно доаѓа како кратенка од „Getting Together“ и се промовира како место каде корисниците ќе може слободно да се изразуваат без никакви ограничувања или пристрасност од страна на модераторите.

На страната веќе може да се видат објави и „хаш тагови“ со Доналд Трамп, па останува да видиме дали ова ќе биде платформата каде ќе го најдат своето место во главно „конзервативните корисници на друштвените мрежи“.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Politico
Претходна статијаЗапознајте се со италијанските мотори на Italian Open Moto Day кој се одржува на 8ми јули
Следна статијаНајдоброто од бизнис класата на лаптопи – Dell Latitude со Intel Core процесори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.