Latitude серијата традиционално е прв избор за бизнис поради врвниот квалитет кој Dell го нуди кај оваа класа. Уредите се карактеризираат со квалитетна изработка на надворешноста која е едноставна што може и да се очекува за уред кој е наменет за бизнис употреба. Но затоа внатре се крие одлично подготвена конфигурација која е создадена од внимателно избран хардвер кој надополнет со одлична софтверска поддршка е тестиран и оптимизиран за да може да испорача максимално добри перформанси за корисникот. Dell обрнува особено внимание на поддршката кај оваа серија, затоа и гарантниот рок кај овие уреди е 3 или 5 години. Освен хардверот за разлика од многу други производители Dell редовно прави надградби во делот на софвтерската поддршка, па може да очекувате дека драјверите редовно ќе бидат надградувани многу години по купувањето на уредот.

Секоја Dell Latitude серија е прилагодена за соодветен тип на корисници

Изборот на соодветен уред за секој корисник Dell го прави уште полесен со поделбата во 4 серии прилагодени за различни групи на корисници.

Latitude 3000 серијата е атрактивна за нашиот пазар поради достапната цена по која може да се добие уред од висока класа. Иако станува збор за уреди чија цена е атрактивна и блиска до уредите од пониските класи наменети за домашна употреба Latitude 3000 нуди многу повеќе. Внимателно избраните компоненти се оптимизирани и тестирани за одлично корисничко искуство.

Latitude 5000 претставува “златната средина“ кај бизнис класата на Dell – оваа серија претставува најчест избор поради одличните можности за менаџирање, поврзување на докинг станица, дополнителните системи за безбедност итн. Главно оваа серија е прв избор на големите компании кои сакаат да добијат уред по нивна мерка по разумна цена.

Latitude 7000 е ексклузивна серија на Ultrabook преносни компјутери во бизнис класата на Dell – оваа серија се состои од уреди со врвна изработка и квалитет. Овде се вградени внимателно одбрани материјали и компоненти – а главна цел е да се добие лесен, компактен и исклучително моќен производ.

Latitude 9000 е најновата супер ексклузивна серија на Ultrabook преносни компјутери на Dell – целта оваа серија е да се добие лесен, компактен и моќен лаптоп во 2 варијанти како 14″ 2во1 уред или со голем 15″ екран и батерија која овозможува 30 часа работа.

Latitude 9000 серијата го носи најлесниот 15″ лаптоп во продажба со тежина од само 1,4kg и InfinityEdge екран.

Најновите Dell Latitude модели се достапни за нарачка во Макпетрол А.Д. – Центар Dell.

Претходна статијаПочна со работа нова друштвена мрежа зад која стои поранешен портпарол на Доналд Трамп
Следна статијаSamsung влегува во Европа со договорот за 5G мрежата на Vodafone

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.