Shutterstock.com

Најава која најверојатно нема никого да изненади, Доналд Трамп се враќа на друштвените мрежи, сега преку нова и негова платформа. Ова и мора вака да биде изведено со оглед дека тој беше ограничен или избришан од Facebook и Twitter, а некои од новите мрежи кои добија популарност беа тргнати од нивните хостинг оператори.

Информацијата доаѓа од Џејсон Милер во разговор со новинар од Fox News. Џејсон Милер е долгогодишен советник на Доналд Трамп, како и портпарол за време на претседателската кампања во 2020.

Според Милер, претседателот Трамп се враќа на друштвените мрежи за два до три месеци со негова платформа која ќе ја редефинира играта и ќе привлече десетици милиони нови корисници.

Повеќе информации од овие најави нема, што значи дека не е познато кој стои зад развојот на новата платформа, како и други информации поврзани со неа.

Според некои, остварувањето на оваа најава може да се покаже како не толку лесна работа, со оглед на блокирањето на Трамп од доста места по нападот на Конгресот во САД, за што тој се смета како поттикнувач.

Доколку оваа најава се оствари, се очекува дека мрежата ќе биде нешто во правец на Parler, односно друштвена мрежа во главно составена од десно ориентираната публика.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2CNN
Претходна статијаГрупацијата А1 Телеком Австрија чиј член е и А1 Македонија е основач на „Европската зелена дигитална коалиција“ (EGDC)
Следна статијаСледи го ритамот на своето срце: Samsung Galaxy Watch Active2 44mm на подарок со купување на одредени уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.