Настанот ќе се одржи на паркингот на средно Водно од 18:00 до 23:00 часот. Љубителите на мотори и брзина ќе имаат можност за запознавање со моторите и тест возење.

Во 20.00 часот настанот ќе го отворат Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри и Сашко Коцев, кои на уникатен и забавен начин ќе ги претстават најновите модели VESPA GTS 75th, Moto GUZZI V7 Stone Centenario, и Ducati Monster. 

Од 21.00 следат два часа дружење, забава и уживање со италијанска рок музика, италијанска храна и пијалаци.

Ве очекуваме! Бидете дел од  Italian Open Moto Day 2021!

# italianopenmotoday

FB: Italian Open Moto Day

Претходна статијаSamsung Galaxy S21 Ultra 5G ја освои наградата Global Mobile Awards за најдобар паметен мобилен телефон на MWC 2021
Следна статијаПочна со работа нова друштвена мрежа зад која стои поранешен портпарол на Доналд Трамп