Скопје – 2 јули 2021 – Samsung Galaxy S21 Ultra 5G е паметниот телефон што победи во категоријата најдобар паметен телефон на Global Mobile Awards (GLOMO Awards) одржани во текот на Mobile World Congress (MWC 2021). Годишните GLOMO награди претставуваат признание за вредностите на хардверот, софтверот и услугите кои ширум светот поттикнуваат на иновативност во индустријата на мобилни уреди.

На свеченото доделување на наградите на 30 јуни, Samsung Galaxy S21 Ultra 5G беше прогласен за „Најдобар паметен телефон“ во 2020 година. Паметниот телефон кој, покрај професионална камера и премиум карактеристики, има и интелигентен екран, е вистинскиот избор за корисниците кои сакаат да прават убави и детални фотографии. Тој е воедно првиот уред од серијата S кој го поддржува S Pen, паметното пенкало дизајнирано за поголема продуктивност на корисникот. Со елегантен дизајн и многу одлики, Samsung Galaxy S21 Ultra 5G го претставува најдоброто од инженерството на Samsung.

„Андроид паметниот телефон со широк спектар на карактеристики, зачудувачки AMOLED дисплеј, најдобри камери во својата класа и многу многу повеќе, е достоен победник во категоријата „Најдобри паметни телефони“ во 2021 година“, рече стручното жири.

Во потесниот избор од оваа категорија се најде и Samsung Galaxy S20 FE со што омилените карактеристики на водечкиот смартфон Galaxy S20, вклучувајќи ги тука неверојатна AI-камера и прекрасен Infinity-O 120Hz екран, се доближуваат до поголем број корисници.

„Чест нѝ е што добивме признание во ваква конкурентна категорија на овогодинешните GLOMO награди. Потребите на корисниците, кои се разновидни и динамични, се менуваат и продолжуваат да растат, затоа сме посветени на развој на уреди што ги сакаат корисниците ширум светот. Samsung има долга историја на иновации со која особено се гордееме и ние сме посветени на испорака на уреди кои одговараат на потребите на нашите клиенти, сега и во иднина“, рече Стефани Чои, виш потпретседател и раководител на маркетинг,  дејност мобилни комуникации во Samsung Electronics.

„Им честитаме на сите добитници и номинирани на GLOMO наградите 2021. Со оглед на предизвикувачките околности со кои се соочуваме во последните 15 месеци, важно е да се сретнеме за да ги препознаеме неверојатните иновации и генијалност што ја обликуваат нашата индустрија, но исто така позитивно влијаат на светот околу нас“, заклучи Џон Хофман, извршен директор на GSMA Ltd.

За повеќе информации за најновите Galaxy уреди и услуги посетете ги:

news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com, www.samsung.com.

Претходна статијаFacebook ќе ги прашува корисниците дали мислат дека нивните пријатели стануваат екстремисти
Следна статијаЗапознајте се со италијанските мотори на Italian Open Moto Day кој се одржува на 8ми јули