Фото: Shutterstock.com

Facebook во САД започна со тест каде ги прашува корисниците дали сметаат дека нивните пријатели стануваат дел од некои екстремистички организации. Прашањата кои им ги поставуваат од мрежата вклучуваат прашања како „Дали сте загрижени дека некој кој го познавате станува екстремист?“.

Од компанијата потоа ги пренасочуваат корисниците кон веб страни за поддршка во вакви ситуации и истакнуваат дека „насилни групи може да ја манипулираат нивната лутина и разочараност“.

Ваквите прашања и предупредувања веќе не се однесуваат само на екстремистички групи кои обично доаѓаа од истокот. Во САД изминатите година како екстремистички групи се сметаат и неколку групи поврзани со поранешниот претседател Трамп, а вниманието кон нив најмногу се насочи после насилните протести пред Конгресот во јануари.

Facebook со години се критикувани и обвинувани дека не преземаат доволно за да се намали влијанието на екстремистичките групи на оваа мрежа, а од компанијата почнаа повеќе да преземаат после случувањата во јануари.

Во оваа фаза ваквите прашања и предупредувања уште се тестираат, па не се знае дали од компанијата ќе почнат стандардно да ги прикажуваат на корисниците и во остатокот од светот.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаКако остаре Seven?
Следна статијаSamsung Galaxy S21 Ultra 5G ја освои наградата Global Mobile Awards за најдобар паметен мобилен телефон на MWC 2021
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.