Во март излезе информацијата дека Доналд Трамп ќе се врати во јавноста, со објави во неговиот препознатлив стил, преку нова и негова платформа. За оваа платформа се најавуваше дека ќе биде нова друштвена мрежа која ќе треба да им конкурира на Twitter и Facebook преку овозможување да се објавува и разговара слободно без ограничувања.

Трамп оваа недела ја објави новата платформа и таа го носи името „From the Desk of Donald J. Trump“ и барем во оваа фаза таа воопшто не е тоа што повеќето очекуваа, конкурент на Twitter и Facebook.

Во основа, новата страна е нешто како блог на Доналд Трамп во кој тој објавува кратки објави, како што тоа го правеше на Twitter. На платформата може да објавува само тој, а корисниците се што можат да направат е да стиснат лајк и да ја споделат објавата на Facebook и Twitter.

Останува да се види само дали споделувањата на овие објави ќе помине без проблеми кај Twitter и Facebook кои ги забранија неговите сметки, а Facebook денес ќе одлучи, поточно од нив креираниот Надзорен одбор, дали да се дозволи враќање на Трамп на оваа мрежа.

Со оглед на тоа што Трамп во видеото објавено на новата страна истакнува дека таа е место каде може да се разговара слободно и безбедно, најверојатно може да се очекува проширување на можностите во иднина. Сега за сега, односно во оваа прва фаза, From the Desk of Donald J. Trump е место каде заинтересираните ќе можат да ги читаат коментарите од Трамп на едно место.

Новата страна на Трамп е достапна на овој линк.

ИЗВОРVox Recode
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаFacebook не му дозволи на Signal да пушти кампањи во кои ги прикажува информациите кои Facebook ги собира за своите корисници
Следна статијаНадзорниот одбор ја оправда одлуката на Facebook за суспендирање на сметката на Доналд Трамп
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.