По промената на политиката на приватност на WhatsApp, апликација во сопственост на Facebook, исто така познатата Signal наеднаш стана правецот во кој отидоа огромен број на корисници. Signal се познати по тоа што нивните пораки се шифрирани и како компанија не собираат информации од содржината на разговорите, односно тие тоа и не можат да го направат. Протоколот којшто се користи во Signal е еден од најпознатите, а го користат уште неколку други апликации.

Најверојатно мотивирани од популарноста која ја добија како безбедна и приватна апликација, од Signal сакаа да пуштат кампања на Instagram со цел да покажат што се од компанијата го собираат како информација од своите корисници во рекламни цели. Покрај на Facebook, овие информации се собираат и од Instagram и WhatsApp, односно сите сервиси во сопственост на компанијата.

Кампањата на Signal е направена со помош на алатките на Facebook за таргетирање достапни на секој што сака да рекламира, но со точно истакнување кои информации се искористени за креирање на конкретната кампања. Како што може да се види од сликите во продолжение, Signal сакале да пуштат кампања во која стои дека истата се прикажува поради тоа што корисникот е учител и не е во врска, користена е локацијата во Москва, а исто така дава поддршка на комедијанти.

Од Signal сакале да пуштат повеќе кампањи, но од Facebook очекувано не им е дозволено. Покрај тоа што од Facebook не дозволуваат реклами со многу текст во сликата, додатно е исклучена и сметката за рекламирање на Signal, па тие сега не можат да пуштат никаква кампања.

Од Signal сето ова го објавуваат во блог објава, со што може да се каже продолжува дискусијата за тоа дали компаниите како Facebook премногу знаат за своите корисници со цел да се пуштаат реклами, нешто што како што видовме не ретко е злоупотребено од трети страни.

ИЗВОРSignal
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаSwiss School for Business and management, Geneva ја организира најголемата регионална стручна конвенција за автомобилската индустрија во 2021 година
Следна статијаДоналд Трамп ја претстави најавуваната платформа со која се враќа во јавноста
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.