Shutterstock.com

Надзорниот одбор кој Facebook го креира пред некоја година со цел да одлучува дали одредена содржина треба да биде дозволена на мрежата или не, утре треба конечно да ја донесе својата одлука за блокадата на профилот на Доналд Трамп на оваа мрежа, како и на Instagram.

Поради огромната популарност и број на корисници, друштвените мрежи станаа главниот извор на информации, дебата, организирање протести и слично, со што слободно може да се каже дека имаат главно влијание во креирањето на јавното мислење и информирањето на луѓето. Поради тоа, Facebook со години добива критики за одредена содржина која се објавува на мрежата, па се почна со нејзино модерирање до одреден степен. За таа цел беше креиран и Надзорниот одбор кој треба оваа работа да ја заврши специјализирано.

Овој одбор утре ќе решава дали на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе му се дозволи да се врати на Facebook и Instagram. Неговиот профил беше отстранет од мрежите во јануари по објавите од негова страна кои се сметаа како поддршка за луѓето кои влегоа во Конгресот на САД за време на верификувањето на изборните резултати.

Одлуката треба да биде донесена утре, односно на 5-ти мај во 15 часот по македонско време.

ИЗВОРForbes
Претходна статијаБил и Мелинда Гејтс објавија дека решиле да се разведат
Следна статијаКонкурс за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите во време на Ковид-19
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.