Shutterstock.com

Бил и Мелинда Гејтс го изненадија светот најавувајќи го нивниот развод во текот на вчерашниот ден. Преку заеднички текст објавен на Twitter на нивните профили, Бил и Мелинда најавија дека решиле да го завршат својот брак и дека не веруваат дека веќе можат да растат како пар.

Веруваме дека покрај можеби луѓе од нивниот поблизок круг, никој друг не очекуваше ваква објава од еден од повеќе познатите парови во светот.

Бил и Мелинда Гејтс се имаат запознаено во Microsoft, каде Мелинда има започнато да работи како маркетинг менаџер после дипломирањето. Тие беа во брак 27 години и се познати по нивната Bill & Melinda Gates Foundation.

Оваа фондација е позната по големата сума на пари со која располагаат и која се користи во главно за изнаоѓање на лекови и вакцини за некои од најпознатите болести, а посебно во земјите во развој каде и нема добри услови за третман.

Според објавата, Бил и Мелинда ќе продолжат да функционираат професионално, односно нема да ја затворат фондацијата и истата ќе продолжи да биде водена од нивна страна.

Иако во пораката тие бараат приватност за време на овие случувања, сепак јасно е дека ова ќе биде еден од најмногу следените разводи во светот, а посебно и поради голема вредност која ја имаат од околу 100 милијарди долари и влијанието на нивната одлука врз нивната фондација.

ИЗВОРRecode
Претходна статијаSony инвестира во Discord и најави поголема соработка помеѓу двете компании
Следна статијаНадзорниот одбор во Facebook утре ќе одлучува дали да дозволи враќање на Доналд Трамп на Facebook и Instagram
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.