До пред некоја недела се очекуваше дека во текот на овој месец Microsoft ќе го објави договорот за купување на Discord за 10 милијарди долари. Тоа сепак не се случи, а излегоа информации дека од Discord сепак решиле да продолжат сами и да ја задржат својата независност, па се имаат откажано од преговорите со Microsoft.

На изненадување на сите, Discord сега склучи договор со Sony, но не за продажба на компанијата, туку за инвестирање и соработка. Повеќе детали околу договорот нема, па се што се знае е дека Sony имаат учествувано во рундата за собирање на финансии на Discord во вредност од 100 милиони долари, но не е познато со колкав процент во оваа сума учествува Sony.

Информацијата за договорот ја објави Sony и најавија дека од идната година може да се очекува поголема интеграција на Discord со сервисите од Sony поврзани со PlayStation. Изгледа дека може да се очекува Discord да стане главниот начин за комуникација на корисниците на Sony при играњето на игри, а тие ќе ја имаат и додатната предност од сервисот.

Discord веќе е број 1 сервис кој го користат гејмерите за комуникација за време на играњето, но и за креирање посебни групи, видео разговори и слично. Затоа и вестите поврзани со оваа компанија и Microsoft привлекуваа толку внимание, за на крај договорот да биде постигнат со главниот конкурент на компанијата која се во прашање игрите.

Со оглед на тоа дека интеграцијата на сервисите се очекува од идната година, очекуваме дека со тек на време ќе излегуваат повеќе информации за тоа како сето тоа точно ќе изгледа.

ИЗВОРSony
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаScalefocus отвара нови модерни канцеларии на 1000 м2 во строгиот центар на Скопје
Следна статијаБил и Мелинда Гејтс објавија дека решиле да се разведат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.