Канцелариите со поглед на скопскиот плоштад, распространети на 1000 м2, се наоѓаат во деловниот комплекс “Настел бизнис центар” и нудат ентериерни решенија препознатливи за сите канцеларии на Scalefocus насекаде низ светот – дизајнирани да ги задоволат и потребите на инженерите на новото време, но и специфичните барања за определени сензитивни проекти и клиенти.

Нашиот нов дом во Скопје е создаден да овозможува дополнителен импулс во креативната работа на нашите луѓе” – вели Горан Стојановски, одговорно техничко лице во Scalefocus и додава “Заедничкиот простор за одмор и дружење за нас е подеднакво важен како и работниот, бидејќи тимскиот дух е во основата на нашата компаниска култура за создавање на големи проекти и споделување на знаење”.

Scalefocus работи со некои од најголемите компании и организации во светот, на проекти што понекогаш бараат посебни безбедносни протоколи поради сензитивноста на работата и токму затоа во новиот компаниски простор се предвидени и посебни “Security rooms”.

“Безбедните соби овозможуваат целосно безбеден развој на софтверски решенија и услуги, со јасни протоколи за влез, излез и дистрибуција на информации и луѓе“ – завршува Стојановски.

Покрај во Скопје,  Scalefocus свои канцеларии за развој има и во Софија, Пловдив, Варна и Бургас.

Доколку сакате да дознаете повеќе за можностите кои ги нуди Scalefocus, посетете ја веб страницата на компанијата за нови отворени позиции: https://careers.scalefocus.com/openings/

Претходна статијаКој, како, кога и каде може да управува електричен тротинет?
Следна статијаSony инвестира во Discord и најави поголема соработка помеѓу двете компании