Shutterstock.com

Овој месец се очекуваше официјалната најава дека Microsoft ќе стане сопственик на познатиот гејмерски сервис за разговори Discord. Зделката требаше да изнесува огромни 10 милијарди долари.

Сепак, според информации од The Wall Street Journal, до договор нема да дојде и Discord ги има прекинато преговорите со Microsoft. Ова исто така важи и за можноста сервисот да биде продаден на други компании, а се истакнува дека потенцијални преговори имало и со три други компании, од кои со Microsoft биле најсериозни.

Откажувањето на преговорите изгледа ќе ја отвори последната можност која се истакнуваше при најавата за договор со Microsoft, а тоа е нудењето на компанијата на јавноста, односно продажба на акции. На овој начин сопствениците може да задржат поголема контрола над начинот на работа на компанијата, а со продажбата на акциите да се дојде до потребните финансиски средства за развој.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаНовиот iMac доаѓа со M1 чип, избор од повеќе бои и Touch ID
Следна статијаОбединет Балкан за чист воздух – Сакаме да дишеме
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.