Shutterstock.com

Таканаречениот Надзорен одбор кој Facebook го ангажира да дава свое мислење за тоа дали треба да се преземе нешто со одредена објавена содржина, денеска одлучи дека суспензијата на сметките на Доналд Трамп на Facebook и Instagram е оправдана.

Тие продолжуваат да ги анализираат објавите на Доналд Трамп на 6-ти јануари, кога се случуваат насилствата во Конгресот на САД и сметаат дека одредени делови од нив покажуваат поддршка за случувањата. Посебно се истакнуваат деловите од објавите како „вие сте многу посебни“, „големи патриоти“ и „запаметете го овој ден засекогаш“.

Одборот заклучува дека овие изјави ги нарушуваат правилата на Facebook кои забрануваат фалба или поддршка за луѓе кои се вклучени во насилство. Исто така, одборот додава дека со продолжувањето на неоснованиот став за изборна измама и константно повикување на дејство, Трамп има создадено услови со сериозен ризик од насилство.

Сепак, одборот наоѓа и маани во одлуката на Facebook. Тие заклучуваат дека суспендирањето на сметките на неопределено време не е во согласност на правилата на мрежата. Тие требало да донесат конечна одлука, а оставањето на истата на одборот е избегнување на одговорноста.

Facebook ќе треба да ја разгледа повторно нивната одлука за шест месеци и да донесе конечна одлука. Истата може да биде сметката повторно да биде активирана, но и целосно избришана, но се препорачува да не остане оваа статус-кво ситуација.

Во основа, без разлика на критиките, Надзорниот одбор смета дека одлуката за ограничување на можноста на Трамп да објавува е оправдана и не донесе одлука дека истата треба да биде променета. Тоа значи дека Доналд Трамп останува надвор од Facebook и Instagram, а нема најави и шанси дека ваквата одлука би ја промениле и Twitter.

Доналд Трамп денеска ја претстави најавуваната платформа која треба да ги замени Twitter, Facebook и Instagram, односно да му даде повторно глас во јавноста. Страната во оваа форма е еден вид на блог, а можно е нејзино проширување во поголема платформа во иднина.  

ИЗВОРOversight Board
ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаДоналд Трамп ја претстави најавуваната платформа со која се враќа во јавноста
Следна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Секој може да придонесе за побезбеден сообраќај
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.