messages_exchange-1

Apple за првпат воведе дво-фактурска автентикација во 2013 година, меѓутоа за разлика од другите компании овој систем не функционира автоматски за сите сервиси од компанијата. Инаку, ваквиот начин на автентикација подразбира додатно ниво на заштита при најавување на сервисите. Корисниците покрај нивното корисничко име и лозинка, за да се најават потребно е да внесат и додатен код кој што им е испратен преку SMS порака или генериран од некоја апликација. Кодот е различен при секое најавување и овозможува никој да не може да го знае.

Овој начин на заштита на корисничките сметки од оваа недела се воведува и за уште два сервиси од Apple, односно за iMessages и FaceTime. Доколку веќе сте најавени, оваа промена нема да направи никаква разлика за користењето на сервисите. Меѓутоа, доколку сакате да се најавите на нов уред или се одјавите на постојниот, при најавувањето од вас ќе биде побарано да го внесете и кодот кој што ќе ви биде испратен на вашиот мобилен телефон.

За најавување на FaceTime потребно е посебно генерирање на лозинка, наречена лозинка специфична за апликацијата, која што може да се добие преку вашата сметка на веб.

Овој начин на заштита е наменет за зголемување на безбедноста на вашите сметки и спречување за нивно пробивање од трети страни. Се разбира, никогаш не постои 100% заштита, меѓутоа дво-факторската автентикација нуди многу поголемо ниво на заштита од користење само на лозинка.

Извор: The Verge

Претходна статијаПретставен Windows 10 Technical Preview за мобилните, засега достапен за помал број на уреди
Следна статијаXiaomi ќе влезе на американскиот пазар, за почеток без мобилните телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.