Популарноста на Facebook, бројот на корисници на оваа мрежа, ја прави место подложно на злоупотреби, како што можеше да се види со случајот Cambridge Analytica. Ова секако не важи само за Facebook, па било која мрежа која има огромен број на корисници потенцијално влегува во оваа категорија.

Во овој случај, се работи за дискусијата дали Facebook ја нарушува приватноста на корисниците, следејќи ги страните кои тие ги имаат посетено преку додатоците за страните од страна на мрежата. Кратко кажано, дали „лајк“ копчето може да се стави во категорија на „прислушкување“, како што се бара од повеќе тужби против компанијата.

Причинат поради која ова би се сметало за прислушкување е поради тоа што Facebook има можност да има историја на сите посетени страни од корисниците, доколку тие страни имаат „лајк“ копче, а знаеме дека ретки се тие кои немаат.

Додатно на тоа се става проблемот со обвинувањата дека Facebook ги следи и тие корисници кои немаат Facebook сметки.

Апелационен суд во САД одби да одлучува по жалба од Facebook на судска одлука со која се тврди токму ова. Facebook се смета дека ги нарушува законите за приватност преку можноста за следење на корисниците надвор од нивната страна.

Ова секако не е нешто што само Facebook го прави. Целата тема со „интернет тракери“ е поврзана со следењето на корисниците на повеќето страни, а се со цел да им се прикажат рекламите кои има најголеми шанси дека се наменети за нив и нивните интереси.

ИЗВОРMediaPost
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаНадополни и играј за iPhone SE 20
Следна статијаКако Apple Watch ја исфрла водата од часовникот доколку корисникот реши да се избања со него
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.