Twitter за време на викендот објавија дека нивната Community Notes функција им станува достапна на сите корисници во светот. Истата досега им беше достапна само на корисниците во САД.

Twitter Community Notes е систем на проверка на објавите, односно информациите во нив, кој има поразличен пристап од проверувачите на вистината на другите мрежи.

Наместо само неколку избрани организации, за кои ретко се знае повеќе, Community Notes функционира на отворен начин, односно обични корисници можат да се пријават.

Потоа, за напишаните забелешки за одредена објава потребно е да гласаат повеќе од луѓето кои се дел од овој систем, а посебно значење се дава на тие кои имаат различно мислење. На овој начин треба да се спречи објавата на забелешки за една страна, додека другата да остане да може да кажува што сака.

Од Twitter нагласуваат дека тие не ги пишуваат забелешките и тоа е оставено на луѓето кои работат во овој систем.

За да една забелешка биде поставена на некоја објава потребно е да таа се смета како корисна од луѓето кои работат на овој систем, по што истата ќе може да се појави.

Како еден начин на заштита од злоупотреба на Community Notes системот се истакнува начинот на функционирање кој не зависи од мнозинството на гласови, туку се земе во предвид мислењето на луѓе со различни ставови.

Кратко кажано, за нешто треба да се земат мислењата на левицата и десницата во САСД, за да една забелешка може да биде објавена, не е доволно да се соберат доволно луѓе од левицата, на пример и да гласаат за некоја забелешка.

Од Twitter истакнуваат дека ќе почнат да ангажираат луѓе кои не се од САД, сега кога Community Notes станува достапна во целиот свет.

Претходна статијаQualcomm го најавува Samsung како партнер на серијата Snapdragon Pro
Следна статијаArtemis I мисијата на NASA успешно заврши со слетување на Orion леталото во Пацификот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.