Леталото Orion од мисијата Artemis I на NASA и уште неколку други вселенски агенции, успешно слета во Тихиот Океан во саботата околу 18:40 часот во близина на Баха, Калифорнија.  

Ова е голем успех за NASA кои повторно се враќаат во вселената, а со мисиите Artemis тие планираат и да се вратат на Месечината. Првата мисија, односно Artemis I започна со успешното лансирање на SLS ракетата со леталото Orion на 16 ноември, а заврши изминатиот викенд.

Artemis II мисијата се планира за 2024 година и тогаш е планирано да има и астронаути во Orion леталото, но тие нема да слетаат на Месечината дури до Artemis III мисијата која е планирана за 2025 или 2026 година.

Orion леталото, како дел од Artemis I мисијата, леташе до Месечината, направи неколку „кругови“ околу неа, по што се врати на Земјата и успешно слета. Ова летало е првото летало наменето за луѓе кое има отидено толку далеку од Земјата, односно скоро 435.000 километри, повеќе од 1000 пати од оддалеченоста на Меѓународната Вселенска Станица, споредуваат од NASA.

При прелетувањето околу месечината, Orion има стигнато до висина од 130 километри, испраќајќи ги едни од најубавите слики, меѓу кои и од „темната“ страна од Месечината.

Од NASA истакнуваа дека Orion леталото има останато во вселената најдолго без да се приклучи на вселенска станица, од било кое друго летало направено за превоз на астронаути.

Ова летало го надмина рекордот на Apollo 13 во помината далечина од летало направено за превоз на астронаути.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаCommunity Notes на Twitter пуштени за сите корисници во светот
Следна статијаTwitter Blue претплатата со решени проблеми треба да стане достапна од денес
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.