Tesla го претстави нивното прво „пикап“ возило во 2019 година со најава дека ќе почне да се произведува и продава во 2021. Ова не се случи, а одложен беше почетокот на продажбата и за оваа година.

За време на отворањето на уште една „гигафабрика“ на Tesla, Елон Маск најави дека од идната година ќе започне продажбата на Cybertruck, па веруваме дека оваа трета најава нема да добие одложување.

Возилото ќе се произведува во новата фабрика која е отворена во државата Тексас во САД, а во неа ќе се произведуваат и целосно електричниот камион влекач, Tesla Semi, како и други возила кои не се уште најавени.

Tesla успеа да го зголеми доста капацитетот за производство, нешто што беше проблем пред неколку години, за што се поставуваше прашањето дали оваа толку популарна компанија ќе може да ги постигне бараните количини и да почне да прави профит.

При крајот на минатиот месец Tesla ја отвори својата прва гигафабрика во Германија од каде ги испорача и првите 30 возила кои биле нарачани. Од оваа фабрика се најавува производство на 500.000 возила годишно, но ќе видиме дали овој капацитет ќе биде остварен.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаПСУ “Јахја Кемал” објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование
Следна статијаПрирачник: Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.