Како што беше најавено, Tesla во текот на вчерашниот ден го претстави својот прв електричен камион, проширувајќи го производството од само автомобили.

Се работи за камион влекач, односно камион наменет за влечење на посебна додатна приколка.

Она што прво може да се забележи кога ќе се види Tesla Semi е неговиот изглед. Тој не изгледа како обичните дизел камиони коишто сме научени да ги гледаме по улиците, па очекувано дизајнот е многу пофутуристички.

Дизајнот на камионот не е таков само поради естетика. Тој овозможува, според Tesla, најдобра аеродинамичност од било кој друг камион, што се разбира влијае на неговите перформанси при возење.

Кога сме кај возењето, Tesla Semi е опремен со посебни мотори на секое тркало, мотори кои се користат во Model 3. Тоа му овозможува забрзување од 0-100 км за само 5 секунди, односно 20 секунди кога е целосно натоварен.

Tesla Semi исто така може да помине до 800 километри со едно целосно полнење, што се разбира не може баш да им конкурира на дизел камионите, меѓутоа се работи за одлични далечни за електрично возило.

Внатрешноста на кабината исто така е различна од повеќето други камиони. Возачот може целосно да застане во неа, а исто така тој е поставен во средината, а не на едната страна како што е стандардно. Можно е додавање на додатни седишта доколку е потребно уште некој да се вози, меѓутоа во ваквите камиони тоа е поретко.

Исто така, кабината е опремена со два екрани на допир на кои се поставени сите контроли и информации во стилот на Tesla.

Извор: TechCrunch, The Verge

Фото: The Verge

Претходна статијаЧетвртта година по ред Еуролинк осигурување доделува стипендии за студенти на Правниот факултет,, Јустинијан Први’’ во Скопје
Следна статијаМакедoнски Телеком организира возбудлива потрага по новиот iPhone X
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.