Како што беше најавено од страна на Елон Маск пред две недели, Tesla го претстави своето прво „пикап“ возило, Cybertruck.

Сликите кои луѓето ги правеа од тоа малку што можеше да се види од возилото пред претставувањето, испадна дека не биле ни блиску до изгледот и дизајнот на Cybertruck.

Изгледот е целосно футуристичен, па дури може да се каже и малку чуден. Мене лично не ми се допаѓа баш многу, но овој коментар ќе го оставам само за надворешниот изглед.

Материјалот од кој е изработено возилото, Маск истакнува дека е истиот со којшто се прави Starship вселенското летало од SpaceX. На демонстрацијата се прикажа дека Cybertruck може да издржи силни удари со токмак, па дека дури е и отпорен на куршуми.

Cybertruck ќе дојде во три различни верзии, а тие ќе се разликуваат според бројот на мотори, силата, како и километражата. Па така, достапен ќе биде основен модел со еден мотор и погон на задните тркала кој ќе може да помине до 400 километри со едно полнење и ќе може да забрза од 0 до 100 километри на час за 6,5 секунди.

Вториот модел ќе има два мотори и погон на сите тркала, а ќе може да помине до 480 километри пред да треба да се полни батеријата. Забрзувањето на овој модел до 100 километри на час е за 4,5 секунди.

Третиот модел е најсилниот, па затоа и најскап со цена од 69.900 долари. Тој ќе има три мотори и погон на сите тркала, а ќе може да помине и до 800 километри пред да се потроши батеријата. Забрзувањето на овој модел е за само 2,9 секунди.

Инаку, Cybertruck ќе може да пренесува до 6 патници, а задниот дел, како и кај сите возила од оваа категорија, ќе може да се користи за пренесување на повеќе видови на товар.

Во внатрешноста е поставен само еден поголем екран на допир, карактеристично за возилата од Tesla.

Tesla Cybertruck ќе почне да се продава дури во 2021 година, а заинтересираните купувачи ќе можат да го нарачаат уште сега преку страната на Tesla.

Во продолжение кратко видео кое го сумира настанот на којшто беше презентирано возилото.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSamsung ќе претстави „lite“ верзија од Galaxy S10?
Следна статијаGoogle ја отвори платформата за тури и приказни на Google Earth за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.