Главниот проблем на електричните автомобили, барем сега за сега кога не се толку масовно достапни, се станиците за нивно полнење. Покрај тоа, колку и да напредува технологијата за брзо полнење на батериите, сепак потребни се часови за целосно полнење, па слободно може да се каже дека практичноста на овие автомобили е до некаде ограничена поради ова.

Стартап од Холандија ќе го реши овој проблем претставувајќи електричен автомобил со вградени сончеви панели на горниот дел.

Името на компанијата е Lightyear и од таму истакнуваат дека до официјалното претставување на нивниот автомобил, а тоа ќе биде во 2020 година, ефикасноста на панелите ќе биде на доволно високо ниво за да можат да создадат доволно електрична енергија за полнење на батериите.

Според нив, повеќето автомобили се оставени на отворено доволно долго во текот на денот за да бидат изложени на сончевите зраци колку што би било потребно. Автомобилот во ваков случај ќе нема потреба од полнење на батеријата на класичниот начин, со кабел, иако тоа ќе биде возможно.

Дизајнот и карактеристиките на автомобилот уште не се откриени, па тоа останува за во некое идно време, сепак има доволно време до неговото пуштање во продажба.

Она што е познато е дека Lightyear ќе биде направен од лесни материјали, ќе им камери наместо ретровизори, а се очекува и можност за поминување на поголема километража со едно полнење на батеријата. Исто така, електричните мотори ќе бидат поставени на секое тркало, како што е во случајот со Tesla автомобилите.

ИЗВОРLightyear
ИЗВОР 2Fast Company
Претходна статијаМеколи Колкин е „сам дома“ со Google Assistant
Следна статијаMotorola и NBA кошаркарскиот тим Indiana Pacers склучија долгогодишно партнерство
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.