При крајот на минатата година Microsoft ја пушти својата нова мобилна апликација, едноставно наречена Office. Оваа апликација е одлична за корисниците кои од време на време имаат потреба да работат со Office документи, како Word, Excel и PowerPoint, овозможувајќи им едно централно место за сите овие документи, наместо користење на посебните апликации.

Покрај работата со овие документи, Office апликацијата се синхронизира и со Sticky Notes во Windows 10, а овозможува и скенирање на слики, документи и слично, односно ја има интегрирано и одличната Office Lens апликацијата.

Сега оваа апликација е пуштена за сите корисници и истата може да се симне преку Play Store на овој линк. Иако ограничен тест беше достапен и за корисниците на iPhone, сепак финалната верзија од апликацијата не е пуштена и за таа платформа.

Тоа што треба да се истакне е дека Microsoft оваа апликацијата ја има замислено стриктно за мобилните уреди. Истата не е прилагодена за добра работа на таблет компјутерите, а изгледа за тоа се’ уште се планирани посебните апликации.

Ова и не е толку чудно. Сепак, преку мобилните се прави многу помалку работа со документите, за разлика на таблет кој може да се користи до некаде и како компјутер. Унифицирана апликација за брзо завршување на неколку работи е сигурно повеќе логична на мобилен.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаНеофицијални слики ја покажуваат замислата на TCL за смартфон кој се претвора во таблет
Следна статијаКомплицираниот однос на нуклеарните централи и климатските промени (1/2)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.