marko-app-f

МаркО – Вашето паметно другарче од денес е достапно на Google Play. По успешното Бета тестирање, МаркО од денес е достапен за сите корисници и љубители на Андроид паметните телефони и Андроид паметните часовници, БЕСПЛАТНО.

mark-play-link

Колку пати ви се случило дури откако ќе стигнете дома да ви текне дека сте заборавиле да купите леб или да ги платите сметките, иако веќе сте поминале низ неколку продавници и низ неколку банки? Или дури и полошо, сте заборавиле да ја земете вашата помала сестра од градинка?

Со МаркО тие денови се веќе минато.

МаркО ќе ви помогне да станете попродуктивни и да ги завршувате вашите секојдневни задачи едноставно и ефективно. Тој ќе ви испраќа потсетување секогаш кога ќе бидете близу до местото каде што можете да ги завршувате вашите задачи.

marko-screens-new

Чекорите се многу едноставни – Прво треба да креирате задача, на пример “Купи банани”, потоа ја означувате категоријата на местото од каде што можете да купите банани, на пример “Супермаркет” (што значи секој супермаркет што ќе го поминете на патот за дома), или пак да го внесете конкретниот супермаркет од каде што сакате да ги купите бананите. Откако ќе ги завршите овие два чекори, можете да се опуштите и да го оставите МаркО да се погрижи за останатото.

mako-1

МаркО го решава и проблемот: “Секогаш правам сé, сам”, на начин што ќе ви овозможи да ги споделите вашите задачи со вашите пријатели, семејството, колегите…a исто така и ќе овозможи никогаш повеќе да не ја изговорите реченицата: “Мамо ма, па и јас купив леб”.

marko-2

Апликацијата наскоро ќе биде достапна и на App Store.

МаркО е изработена од Codewell, компанија за развој на мобилни апликација од Скопје.

Извор: MarkO

Претходна статијаYahoo станува главниот партнер на Mozilla на местото на Google
Следна статијаIBM Verse – нов, поефикасен концепт за е-пошта