InsertFromDriveAndroid

Корисниците на некоја од достапните платформи денес на располагање имаат повеќе сервиси и апликации кои што можат да ги користат од компанијата која што ја развива конкретната платформа. Компаниите се трудат да им ги понудат на корисниците повеќето потребни сервиси и со тоа да ги задржат на нивните производи. Па така, доколку сте корисник на Android, достапни ви се повеќе апликации од Google, како што се во овој случај Gmail и Google Drive. Преку cloud решението можете сите ваши фајлови да ги користите на повеќе уреди, без потреба од мислење дали нешто имате заборавено да префрлите на некој од нив.

Испраќањето на фајл од некоја од папките во Google Drive преку Gmail апликацијата за Android е достапно и тоа на едноставен начин може да се направи преку Attach file опцијата достапна во менито кога креирате нова порака. Меѓутоа од Google сметаат дека овој процес може да биде уште поедноставен, а со тоа и можеби да ве мотивира да го користите нивниот cloud сервис. Во менито кога креирате нова порака, додадено е ново копче, Insert from Drive, под Attach file кое што е наменето само за фајловите кои што се наоѓаат на Drive. На овој начин многу побрзо и поедноставно можете да прикачите фајл од Drive во пораките кои што ги испраќате. Доколку фајлот што го испраќате не е дозволен за гледање од страна на примателот, пермисиите за истиот можете да ги промените директно од апликацијата при праќањето на пораката.

Поради фактот што повеќето компании веќе ги нудат истите решенија, ќе почнеме да гледаме како тие се обидуваат да го олеснат нивното користење, а со тоа да привлечат што повеќе корисници на нивните решенија, наместо кај конкурентните.

Извор: Gmail Google+

Претходна статијаProject Spark излегува од бета во Октомври оваа година
Следна статијаDovetail Games ќе продолжи да ја развива познатата Microsoft Flight Simulator
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.