Слика: http://flyawaysimulation.com
Слика: http://flyawaysimulation.com

Microsoft Flight Simulator е можеби најпознатата игра која што нуди скоро реално искуство во летање на разни летала. Популарна во 90-ите и почетокот на 2000-та развојот на играта беше прекинат во 2009 со затворањето на студиото во кое што истата беше развивана. Во 2012 година беше пуштена нова верзија од оваа игра, како обид да се врати нејзината популарност, меѓутоа истата беше доста критикувана како многу поедноставна верзија која што во главно нуди можност за играње, а не напредна симулација на летање.

Оваа недела студиото познато по развојот на Train Simulator, Dovetail Games, склучи договор за лиценцирање на правата за развој на Flight Simulator и нејзината технологија. Прво што може да се очекува од овој договор е достапност на последната верзија од играта, Microsoft Simulator X преку Steam продавницата за игри до крајот на оваа година. Играта ќе биде издадена во нејзината оригинална форма, односно истата нема да биде унапредена со нова и подобра графика и карактеристики.

Од Dovetail Games изјавуваат дека тие се во процес на откривање на нови концепти и дека може да се очекува издавање на нова игра, развиена од нивна страна идната година. Како што истакнуваат од Microsoft од компанијата имаат покажано дека се способни да издадат одлични симулатор игри на пазарот и дека соработката со нив е очигледниот избор. Може да се очекува дека играта која што ќе биде развиена од оваа компанија ќе биде со одличен квалитет, па љубителите на играта и овој тип на игри општо, сигурно ќе бидат во исчекување да видат што ќе биде претставено идната година.

Извор: Dovetail Games, Neowin

Претходна статијаПобрзо прикачување на фајлови од Drive во Gmail за Android
Следна статијаLouise, персонален асистент од Microsoft развиван пред Cortana
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.