Project Spark Sci-fi

Project Spark е интересен проект од Microsoft кој што во основа претставува игра достапна за Xbox One и Windows 8.1, меѓутоа ви овозможува многу повеќе од едноставно играње. Играта ви овозможува креирање на сопствена игра преку достапните додатоци со кои што можете да креирате сопствени светови, карактери, стилови на игра и повеќе. Креираните игри можете да ги споделите со заедницата, односно Project Spark овозможува играње на игрите креирани од другите членови кои што ја користат играта.

Минатиот Октомври Project Spark стана достапна во бета верзија за корисниците на Xbox One и Windows 8.1 платформите. Корисниците веќе креираат игри, па и во оваа фаза може да играте некоја од нив и со тоа да добиете претстава какви можности ќе понуди овој проект.

Од Microsoft оваа недела најавија дека Project Spark официјално ќе излезе од бета верзијата и ќе стане достапен за корисниците. Достапноста е најавена за Октомври оваа година, односно од 10-ти во месецот за Европските корисници. Корисниците ќе можат да го купат Project Spark Starter Pack во форма на диск во кој што ќе бидат вклучени повеќе премиум содржини, како и sci-fi пакети. Содржината на дискот ќе биде достапна за корисниците и во дигитална форма која што ќе може да се симнува преку играта. Овој пакет ќе вклучува доста нови додатоци кои што се’ уште не се достапни во бета верзијата.

Доколку веќе сте корисник на Project Spark бета, сите игри кои што ги имате играно, како и вашите креирани игри ќе останат непроменети, односно апликацијата ќе биде надградена со сите ваши податоци зачувани.

На официјалната страна на Project Spark можете да прочитате повеќе за проектот, како и да ги видите креираните игри од заедницата.

Извор: Xbox News

Претходна статијаМерење на растојанието помеѓу точки на Google Maps
Следна статијаПобрзо прикачување на фајлови од Drive во Gmail за Android
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.