Од денеска официјално корисниците веќе нема да можат да го користат Internet Explorer, поточно неговата верзија 11 која беше последна. За повеќето корисници ова не претставува некаква промена во начинот на функционирање, па се сведува само на интересна вест.

Internet Explorer 11 воопшто и не беше достапен на Windows 11, што значи дека оваа одлука се однесува на Windows 10.

Со некоја идна надградба овој стар и непопуларен интернет прелистувач целосно ќе биде тргнат од Windows 10.

Корисниците кои сепак имаат потреба од Internet Explorer, во главно компании кои уште користат компаниски веб апликации развиени за овој прелистувач, ќе можат да го користат IE режимот во Microsoft Edge.

Сепак, денеска не претставува целосен крај на Internet Explorer 11, па корисниците кои плаќаат за продолжена поддршка за Windows 7 и Windows 8.1 ќе можат да продолжат да го користат прелистувачот до истекот на поддршката за овие оперативни системи, во главно до идната година.

Internet Explorer 11 исто така ќе биде достапен на Windows Server и Windows Server LTSC, Windows 10 client LTSC, Windows 10 China Government Edition и Windows 10 IoT LTSC.

Без разлика на овие верзии од Windows, сепак од денеска Internet Explorer престанува да функционира на повеќето компјутери, а ова посебно се однесува на тие кои имаат стандардна лиценца.

По преземањето на првото место над Netscape Navigator во деведесеттите, Internet Explorer во главно има лош углед, а посебно по појавата на Mozilla Firefox. Microsoft никогаш не успева да го среди овој долго време застарен прелистувач, а истото не им успеа ни со првата верзија од Edge, кој сега е направен на основа на Chromium кодот.

Во светот моментално убедливото прво место го држи Google Chrome, а нема знаци дека тоа наскоро би можело да се промени.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаDisney+ стриминг сервисот стана достапен во Македонија
Следна статијаПреку A1 WayUp до кариерен пат и вештини на иднината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.