Microsoft уште лани го најави крајот на Internet Explorer, поточно неговата последна верзија Internet Explorer 11, а сега објави и потсетување за корисниците. Крајот на оваа позната, но и критикувана апликација, доаѓа на 15 јуни оваа година, по што корисниците нема да можат да ја користат и ќе бидат пренасочени кон Microsoft Edge.

Компаниите кои уште користат веб апликации кои се развиени специјално за Internet Explorer, тоа без проблеми ќе можат да продолжат да го прават преку IE режимот на Microsoft Edge. За овој режим, по прекинот на работата на Internet Explorer, датотеките нема да бидат избришани од системот, со што се овозможува и неговата работа.

Доколку некој притисне на иконата од Internet Explorer по 15 јуни, ќе се отвори новиот Microsoft Edge.

Ова сепак не важи за сите верзии од Windows, па Internet Explorer ќе им остане достапен на мал број на корисници кои плаќаат долгорочна поддршка на Microsoft за неколку верзии од овој оперативен систем.

За повеќето корисници оваа промена не значи ништо, а најголем дел од нив го користат Google Chrome, а Microsoft Edge сега функционира на истиот код, односно на Chromium.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаЕлон Маск најавува „екстремно“ зголемување на Tesla и развој на вештачка интелигенција
Следна статијаDownfall на Netflix е одличен документарен филм за случувањата во Boeing кои доведоа до две авионски несреќи пред 3 години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.