По најавата во јануари оваа година, познатиот стриминг сервис Disney+ официјално стана достапен и во Македонија. Корисниците можат да се претплатат на сервисот исто како и на конкурентните и да ја гледаат содржината на повеќе уреди, а достапни се и профили со што може да се користи од страна на повеќе корисници.

Цената по која е достапен Disney+ изнесува 7,99 евра месечно или 79,90 евра доколку се плати однапред цела година, со што се добива попуст од два месеци.

Од тоа што можевме да го видиме при разгледување на сервисот, на него се достапни доста добри филмови и серии, покрај оригиналната содржина од Star Wars, Marvel, Pixar, Disney, National Geographic и Star.

Ова значи дека на Disney+ можете да ги гледате сите Star Wars филмови, како и сите серии кои излегоа во меѓувреме. Достапни се и документарните серии од National Geographic, па доколку го немате овој канал на телевизија или воопшто не сте претплатени, можете да ги гледате одличните документарци.

Сервисот исто така ја прикажува содржината во најновата технологија, па на пример доколку имате OLED телевизор, ќе можете да ја гледате содржината во Dolby Atmos и Dolby Vision. Ова секако се однесува на поновата содржина од последните две години.

На Disney+ можете да се претплатите преку нивната страна на овој линк.

Претходна статијаЕлон Маск ќе одговара на прашања од вработените во Twitter
Следна статијаInternet Explorer заминува во историјата, но не баш на сите уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.