Фото: Shutterstock.com

Уште не е до крај познато дали ќе продолжи процесот на купување на Twitter од страна на Елон Маск. Kако главна пречка се појави обвинувањето од негова страна дека мрежата не ги објавува точните бројки за лажните и спам сметки.

Маск смета дека бројката на вакви сметки е многу поголема од тоа што се објавува, а од Twitter на крај се сложија да му дадат пристап до потребните информации за да може да ги провери овие тврдења.

Тој утре, односно на 16 јуни, ќе одржи виртуелен состанок со вработените на Twitter кои ќе можат од денес да ги испраќаат своите прашања до него. Еден дел од нив изразија голема загриженост за што ќе се случи доколку Маск стане сопственик на компанијата.

Дел од тие грижи се логични, односно дали сите ќе го задржат своето работно место, дали ќе има промени и какви, но дел се очекувано од познатата „woke“ група која веќе излегува со обвинувања за промените во политиката за слобода на говор која ја најавува Маск.

Дел од грижите на вработените се поврзани со најавите за враќање на некои од забранетите сметки, како таа на Доналд Трамп.

Ќе видиме во четврток какви прашања во главно ќе му бидат поставувани на Маск, односно дали ќе има важни и корисни прашања или овој состанок ќе се сведе на непотребни обвинувања и манипулации.  

ИЗВОРEngadget
Претходна статија​ТИРЗ: Скопје 3 – прва зона за висока технологија со потенцијал од над 860 милиони евра инвестиции
Следна статијаDisney+ стриминг сервисот стана достапен во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.