Shutterstock.com

За време на конференција организирана од Financial Times, Елон Маск најави дека планира да ја врати сметката на Доналд Трамп на Twitter, која беше суспендирана минатата година по случувањата во Конгресот на САД.

Според Маск, „банирањто“ на Трамп е грешка која има доведено до отуѓување на голем дел од земјата и ја нема ни постигнато својата цел да Трамп нема глас во јавноста. Одлуката е морално погрешна и глупа, додава тој и истакнува дека ја намалува довербата во Twitter.

Дали Доналд Трамп сака да се врати на Twitter, односно дали би почнал пак да објавува на оваа мрежа сега за сега не е познато. Тој минатиот месец изјави дека не планира да се врати на Twitter, по можноста за враќање на неговата сметка по купувањето на мрежата од страна на Маск и планира да ја користи неговата нова мрежа Truth Social.

Сепак, останува уште време да видиме дали Маск ќе биде во ситуација да може да ја донесе оваа одлука, а најмногу поради тоа што купувањето на компанијата е процес кој се очекува да трае барем шест месеци, но мора да се земе во предвид и можноста тоа да сепак не се случи.

Доколку се помине како што треба и Маск стане сопственик на Twitter, тој дефинитивно ќе биде во позиција да ги направи саканите промени кои ги најавува, а за почеток тоа и директно ќе може да го направи најавувајќи дека планира да ја преземе директорската позиција неколку месеци пред да назначи нов директор.

Купувањето на Twitter од страна на Маск е една од поважните работи во светот, а посебно поради неговите ставови поврзани со слободата на говор. Друштвените мрежи изминатите години во главно се под влијание на групите во САД кои сакаат да одлучуваат што може и не може да се објавува, а тоа поретко е врз основа на факти, туку само врз основа на тоа дали тие групи се сложуваат или не со објавите.

Маск најавува дека Twitter треба да биде место каде секој ќе може да каже што сака, па некои стравуваат дека мрежата ќе биде полна со лажни информации и напади, иако Маск не најавува оставање да се објави буквално се, но ќе видиме што ќе се случува.

ИЗВОРThe New York Times
Претходна статијаNetflix ќе претстави поевтина претплата со реклами до крајот на годината
Следна статијаTEDx носи говорници од Google, META, Al Jаzeera во Скопје на 21.5.2022
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.