Фото: Shutterstock.com

Во текот на денешниот ден можевме да прочитаме дека одборот на директори на Twitter одлучувал за понудата на Елон Маск да ги купи сите акции на компанијата и со тоа да стане нејзин сопственик. По првичниот отпор кон понудата, до некаде на изненадување на сите, одборот одлучи истата да ја прифати и со тоа Маск официјално да стане сопственик на една од најпознатите друштвени мрежи.

Маск ќе плати по 54,20 долари по акција со што се доаѓа со вкупна вредност на зделката од скоро 44 милијарди долари. Оваа вредност е 38% над пазарната вредност на компанијата, во времето на давањето на понудата.

Елон Маск излезе со објава на Twitter пред официјалната објава на прифаќање на неговата понуда, каде истакна дека се надева дека дури и неговите најголеми непријатели ќе останат на Twitter затоа што тоа значи слобода на говор.

Во официјалната изјава по најавата на договорот, Маск истакна: „Слободата на говор е основата на функционирањето на демократијата и Twitter е дигиталниот градски плоштад каде работи важни за иднината на човештвото се дебатираат. Исто така би сакал да го направам Twitter подобар преку подобрување на сервисот со нови функции, отворајќи го кодот за зголемување на довербата, поразувајќи ги ботовите и правејќи автентикација на сите луѓе. Twitter има огромен потенцијал – со нетрпение ја очекувам работата со компанијата и заедницата на корисници кои ќе го овозможат.“

Со изјава излезе и директорот на компанијата Параг Агравал кој истакна: „Twitter има цел и важност која влијае на целиот свет. Длабоко сум горд на нашите тимови и сум инспириран од работата која никогаш не биле поважна.“

Тоа што се очекува од Маск сега кога е сопственик на Twitter е токму тоа кое го говори најмногу во последно време, а и ја критикува мрежата, односно овозможување на слобода на говор. Дел од луѓето не се баш среќни за тоа што Маск успеа во својата намера, сметајќи дека Twitter мора да врши избор на што е тоа што смее и не смее да се објавува, иако најчесто тоа испадна дека се сведува на тргање објави кои не им се допаѓаат на одредени групи, најчесто од левата страна на политиката во САД.

ИЗВОРNewswire
Претходна статијаПатот до успешна кариера во Quality Assurance со Сеавус Академијата за Тестирање Софтвер
Следна статијаЏек Дорси има доверба во Елон Маск како сопственик на Twitter
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.