Фото: Shutterstock.com

Во текот на вчерашниот ден, одборот на директори на Twitter одлучи да сепак ја прифати понудата на Елон Маск за купување на сите акции на компанијата по цена од 54,20 долари. Со ова, вредноста по која се продава Twitter е 38% над пазарната во времето на понудата и изнесува скоро 44 милијарди долари.

Главното очекување од Маск е поврзано со слободата на говор, нешто што е загрозено во западните земји изминатите години, а во главно од неколкуте движења кои решија да ја присвојат вистината и да ги забрануваат сите објави со кои тие не се согласуваат. Порано, како забранета содржина во главно се сметаше таквата која е поврзана со насилство, говор на омраза и слично.

Сепак, работата не е црно бела. Факт е дека доста групи ја искористуваат популарноста на друштвените мрежа и шират дезинформации, па Маск ќе треба да покаже како ќе се постави на овој план, а овозможувањето на сите да кажат што сакаат, без разлика на согласувањето со тоа на други, е основата на слободата на говорот.

Поради ова, не сите се среќни што Маск стана сопственик на една од најмногу популарните друштвени мрежи, а кога е во прашање политичката дискусија, Twitter е мрежата број 1. Веќе може да се прочита за незадоволството на дел од вработените, во главно тие кои се поекстремно насочени кон левата страна на политиката.

Загриженоста на дел од луѓето не ја дели ко-основачот и до пред една година директорот на Twitter, Џек Дорси. Тој во својата објава на Twitter за случувањата истакна дека мрежата не треба да биде компанија, туку јавно добро, но сепак решавањето на проблемот на тоа што сепак е компанија, Маск е единственото решение во кое тој верува. Дорси додава дека верува во неговата мисија да ја прошири светлината на свесноста.

Ќе помине одреден период додека се официјализира и практично промената на сопственоста на компанијата, па навистина не интересира какви промени ќе донесе Маск.

Претходна статијаЕлон Маск стана сопственик на Twitter – одборот на директори ја прифати понудата во вредност од околу 44 милијарди долари
Следна статијаСојузот на средношколци задоволни од постигнатиот договор помеѓу СОНК и владата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.