Фото: Shutterstock.com

Сојузот на средношколци го поздравува постигнатиот договор меѓу СОНК и Владата на Република Северна Македонија. „Задоволни сме дека обете страни го послушаа нашиот апел и празничниот период го искористија да постигнат заеднички компромис.“

„Најраното можно враќање на учениците е во среда, што значи 10 изгубени работни дена. Затоа го повикуваме членството на СОНК во најбрз можен рок да го одобри договорот. Бараме од Министерството за образование и наука Сојузот да биде вклучен во одлучувањата за надоместувањето на пропуштениот материјал.“

„Се покажа дека компромис е можен ако средношколците тоа го побараат“.

Претходна статијаЏек Дорси има доверба во Елон Маск како сопственик на Twitter
Следна статијаСедми „Mavrovo Maximum Adventure 2022“ тим билдинг настан во регионот