Фото: Shutterstock.com

После неколку часа на неофицијални најави, Twitter официјално објави дека досегашниот главен извршен директор и ко-основач на компанијата, познатиот Џек Дорси, се повлекува од својата позиција.

Дорси ќе остане во одборот на директори до истекувањето на неговиот мандат идната година, а после тоа тој целосно ќе биде излезен од Twitter.

Одборот на директори веднаш го изгласа досегашниот директор за технологии, Параг Агравал, за нов главен извршен директор, а промена е изгласана и во одборот на директори, каде за нов претседател е назначен Брет Тејлор, на местото на досегашниот Патрик Пичете.

Новиот директор на Twitter, Параг Агравал, доаѓа во компанијата пред околу 10 години, а на позицијата главен директор за технологии доаѓа во 2017.

„Одлучив да го напуштам Twitter затоа што верувам дека компанијата е спремна да продолжи да функционира без нејзините основачи. Мојата доверба во Параг како CEO на Twitter е длабока. Неговата работа изминатите 10 години беше трансформативна. Јас сум длабоко благодарен за неговите вештини, срце и душа. Сега е негово време да води.“ – истакна Џек Дорси.

Twitter е една од двете друштвени мрежи кои се успешни и популарни, а да не се во сопственост на Meta (Facebook). Со посебен пристап во начинот на објавување во споредба со другите, Twitter на уникатен начин остана фактор во интернет просторот.

Дали промените во раководството на компанијата ќе донесат и дополнителни промени во нејзината работа е нешто што дефинитивно не интересира.

Џек Дорси ќе продолжи да функционира како главен извршен директор на друга компанија, која исто така ја има основано, а тоа е Square, компанија за мобилни плаќања.

Претходна статијаДиректорот Петров на „Improvate” конференција во Ерусалим: Развојот на нови технологии во фокусот на ФИТР
Следна статијаASKfm лансираше сопствена технологија за вештачка интелигенција и веднаш го зголеми ангажманот на корисниците за 20% до 50%
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.