Фото: Shutterstock.com

Netflix оваа година за првпат пријави пад на бројот на корисниците, 200.000, а се очекува дека ќе изгубат уште неколку милиони во периодот што следи. За некои ова беше големо изненадување, додека за други нешто што само се очекуваше кога ќе почне да се случува.

Иако удел во случувањата во Netflix имаат секако и конкурентните сервиси, сепак според нас и голем број на луѓе, главен фактор е влијанието на „woke“ луѓето во САД, кои направија да филмовите и сериите се користат само за промовирање на нивните верувања и гледишта, без никаков квалитет на содржината.

Од компанијата главниот виновник за ситуацијата го гледаат во практиката на споделување на лозинката помеѓу повеќе луѓе, луѓе кои не плаќаат посебно за сервисот. Тие после неколку најави, почнаа да тестираат нов систем за наплата на корисниците кои не се дел од истото домаќинство, поточно по 3 долари од дополнителен корисник.

Според информации од The New York Times, од луѓе кои сакале да останат анонимни, од компанијата планираат да почнат да ги спроведуваат некои од плановите со кои се надеваат дека ќе го намалат или спречат губењето на корисниците.

Првата работа која се планира, а исто така беше најавувана, е можност за плаќање на претплата со пониска цена, но со реклами. Ова би требало да ги привлече корисниците кои можеби се имаат размислувано за сервисот, но го сметаат за доволно скап за нив.

Втората работа е почеток на спроведување на планот за наплата на корисниците кои не се дел од истото домаќинство, што значи дека може да очекувате да почнете да добивате известувања од компанијата доколку сметката преку која го гледате сервисот не е ваша.

Според изворите на The New York Times, планот е да овие две работи почнат да се спроведуваат во последната четвртина од оваа година, односно до крајот на годината. Во меѓувреме сигурно ќе има и официјални информации преку кои точно ќе можеме да дознаеме што да очекуваме.

ИЗВОРThe New York Times
Претходна статијаСо откажувањето на iPod touch, овој уред од Apple заминува во историјата
Следна статијаМаск најави враќање на Twitter сметката на Доналд Трамп
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.