Фото: Shutterstock.com

Netflix оваа недела ги објави своите финансиски резултати, па за првпат пријави пад на бројот на корисници. Тоа предизвика и пад на вредноста на акциите за дури 20%.

Елон Маск кратко искоментира на Twitter на оваа вест и мораме да се сложиме дека и според нас ова е главниот проблем, без разлика што може да се најдат и други фактори кои влијаат на губењето на корисниците.

Маск кажа „Вирусот на паметот на „woke“ го прави Netflix невозможен за гледање“. Дефинитивно скоро секоја нова содржина на сервисот е под големо влијание на „woke“ движењето, на огромна штета на квалитетот на сценариото.

Голем е бројот на корисници кои скоро ништо ново на Netflix не им се допаѓа, па да не беше постарата содржина на сервисот, ќе немаше веќе и причина да се продолжи со плаќање. Доколку од компанијата продолжат вака, сигурни сме дека падот на бројот на претплатници ќе биде уште поголем.

Од Netflix дали не го гледаат овој фактор како причина или не сакаат да го кажат тоа, па како главен фактор го гледаат користењето на една сметка од повеќе луѓе. Тие планираат да почнат да наплаќаат повеќе за корисниците кои ја делат својата сметка со луѓе надвор од истото домаќинство, па може да се очекува дека после повеќе најави, ова од компанијата конечно ќе почнат да го спроведуваат.

Доколку и вие сметате дека новата содржина на Netflix не е баш најдобра, ви препорачуваме да го пробате HBO Max сервисот, кој иако не е „имун“ на woke влијанието, сепак има многу повеќе „нормална“ содржина.

Претходна статијаДолгоочекуваниот Pixel Watch прикажан на неофицијална слика
Следна статијаДвижете се безбедно и избегнувајте го градскиот метеж со електричниот тротинет Navee N65
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.