Фото: Shutterstock.com

Достапноста на неколку профили на една сметка на Netflix е замислена да се користи од едно семејство, односно едно домаќинство, без потреба од мешање на содржината која се гледа, препораките и слично.

Сепак, повеќето корисници една Netflix сметка ја делат за да сумата која ја плаќаат поединечно е пониска, па оваа практика не се прави во едно домаќинство, а не ретко делењето на сметката се прави и помеѓу повеќе корисници од достапните профили.

Веќе неколку пати можевме да прочитаме дека од компанијата сакаат да стават крај на оваа практика, а со најновиот тест изгледа дека конечно најдоа начин кој би требало да даде резултат.

Тестот за почеток е пуштен во три земји, односно Чиле, Костарика и Перу, а нема најави точно дали и кога би биле пуштени новите правила за сите корисници.

Корисниците во овие земји кои ја споделуваат својата сметка со надворешни корисници ќе им биде побарано да плаќаат дополнително за овие корисници. Сумата која ќе треба да се плати е околу 3 долари по корисник, а ќе може да се додадат до две „под-сметки“, како што ги нарекуваат од Netflix.

Оваа сума е пониска од таа која би ја плаќале ако направат целосно нова сметка, па можеби на корисници сепак ова повеќе би им се исплатело.

Под-сметките ќе имаат посебни корисничко име и лозинка, како и посебни препораки за гледање.

Уште една новина која ја тестираат заедно со оваа е можноста да се префрли историјата на гледање и препораките на друга сметка, односно на под-сметка или не целосно нова сметка. Со ова Netflix сака да им ја олесни одлуката на корисниците за креирање на посебна сметка, овозможувајќи им да ја задржат досега гледаната содржина, од што зависат и препораките.

„Отсекогаш сме им олеснувале на луѓето кои живеат заедно да ја споделат својата Netflix сметка, со функции како посебни профили и повеќе стримови во нашите Standard и Premium пакети. Иако ова беше многу популарно, исто така создаде одредена забуна за кога и како Netflix може да биде споделен. Како резултат, сметките се споделувани помеѓу домаќинства и со тоа се влијаеше на нашата можност да инвестираме во одлична нова ТВ и филмска содржина за нашите членови.“ – истакнаа од Netflix.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаAETM: Зошто 72,5% од е-продавниците во регионот продаваат онлајн само на домашни купувачи?
Следна статијаGalaxy A53 5G и Galaxy A33 5G: Феноменално мобилно искуство достапно за секого
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.