Како што беше официјално најавено на почетокот од минатиот месец, HBO Max од денеска официјално е достапен во Македонија. Овој сервис ја има истата досегашна содржина од HBO Go, но и доста повеќе, како на пример новиот The Matrix: Resurrections.

Овој сервис беше пуштен во САД пред некоја година како подобра конкуренција на Netflix, за разлика од тогашниот HBO Go кој во остатокот од светот продолжи да функционира уште, како и во нашата земја.

HBO Max доаѓа со доста подобрен „плеер“, кој работи доста побрзо и има подобар кориснички интерфејс.

Можеби поважно, HBO Max доаѓа со поддршка за 4K, HDR содржина, односно Dolby Vision и Dolby Atmos, зависно од телевизорот од кој се гледа.

Корисниците кои веќе имаат претплата на HBO Go, без разлика дали директно или преку некој од операторите, автоматски се претплатени на HBO Max. Се што треба е да се најавите на сервисот со постојните корисничко име и лозинка, па може да почнете да го користите сервисот.

За корисниците кои се директно претплатени, со префрлувањето се добива и попуст на месечната претплата која сега ќе изнесува 4,66 евра месечно, а оваа понуда важи и за новите корисници кои ќе се претплатат до крајот на овој месец.

Мал совет до претплатниците преку операторите, вашите корисничко име и лозинка внесете ги директно во полето за најавување, а делот за преку оператор е наменет за корисниците кои првпат се регистрираат на сервисот и не користеле HBO Go.

HBO Max апликациите се веќе достапни на Play Store и App Store, а до сервисот може да се пристапи и преку веб на следниот линк.

Претходна статијаInstagram апликациите Boomerang и Hyperlapse ќе бидат тргнати од Play Store и App Store
Следна статијаApple претстави нов iPhone SE со A15 Bionic чипот, подобрени камери и стариот дизајн со Home копче на предната страна
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.