Фото: Shutterstock.com

За првпат во последните десетина години, Netflix пријави пад на бројот на корисници. Според нивните реакции за време на презентирањето на финансиските резултати, може да се очекува дека излезот од оваа ситуација го гледаат во наплата на корисниците кои ја споделуваат својата сметка со корисници кои не се дел од тоа домаќинство.

Намалувањето на бројката на корисници е мала, односно 200.000, што е ништо во споредба со 222 милиони корисници кои ги има сервисот во целиот свет. Сепак, поради фактот што ова се случува првпат, очекувано е дека од компанијата се загрижени и бараат начини како да го спречат предвиденото дополнително губење на корисници.

Падот на бројката не се должи само на суспендирањето на сервисот во Русија, односно пад би имало и без губењето на руските корисници. Дополнително, како фактор за намалувањето на бројката се смета и зголемувањето на цените во САД и уште неколку други земји, нешто што сигурно нема да помине лесно сега кога има и доволно конкуренција.

Според нас, огромен фактор во падот на бројката на корисници е падот на популарноста на сервисот поради огромното влијание на „woke“ културата во САД. Може да се каже дека веќе нема нова содржина во која целосно наметнато се додаваат таканаречените „маргинализирани групи“, а приказната на содржината трпи и не може да се каже дека се работи за добар филм или серија.

И порано можевме да видиме вклучување на одредени групи во филмовите и сериите, но тоа се правеше посуптилно со внимавање да содржината е интересна и привлечна за гледање. Како пример може да се даде познатата серија Вил и Грејс, која беше интересна за гледање независно од суптилната промоција на геј заедницата.

Да не се постарите филмови и серии на Netflix, може да се каже дека скоро и да нема што да се гледа веќе, а тука е веќе и субјективниот наш заклучок генерално за новите филмови, не само тие на овој сервис.

Што се однесува до главниот начин на кој од компанијата гледаат шанса за зголемување на бројот на корисници и приходи, наплатата на корисниците кои немаат своја сметка, веќе се тестира можноста да се доплати за двајца надворешни корисници, по 3 долари од корисник. Тестот моментално се прави во Чиле, Костарика и Перу, а после оваа објава од компанијата, може да се очекува на повеќе места.

Од Netflix истакнуваат дека од 222 милиони корисници, има уште барем 100 милиони кои го гледаат сервисот без да го плаќаат, односно користејќи ја можноста за повеќе профили на една сметка. Иако не може да се очекува дека сите 100 милиони би почнале да плаќаат доколку тоа биде наложено, сепак се работи за голема бројка која ќе придонесе за зголемување на бројката на корисници на сервисот.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаWhatsApp најави воведување на Communities за подобро организирање на различни групни разговори
Следна статијаДолгоочекуваниот Pixel Watch прикажан на неофицијална слика
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.