Ако се земат во предвид зачестените информации кои излегуваат за Pixel Watch од Google, може со голема сигурност да се очекува дека идниот месец навистина од компанијата влегуваат на пазарот на паметни часовници.

Сега излезе и првата слика која го прикажува изгледот на часовникот од предната страна, како и корисничкиот интерфејс на едно од достапните „лица“. Сликата ја објавија познатите и досега најчесто точни 91mobiles, односно Еван Блас (evleaks).

Од тоа што може да се види може да се очекува едноставен дизајн со мали рамки околу екранот и само едно копче кое може и да се врти за контролирање на часовникот.

Дополнително, на екранот се гледа икона од Fitbit, компанијата која Google ја купи во 2019 и која правеше одлични часовници и фитнес функции.

Очекувањата се дека Google барем ќе го најави Pixel Watch идниот месец на нивната Google I/O конференција, па останува да видиме дали тоа ќе се случи.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаNetflix за првпат забележа пад на бројот на корисници
Следна статијаЕлон Маск го обвинува влијанието на „woke движењето“ за падот на популарноста на Netflix
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.