iPod touch, последниот уред од iPod серијата, веќе нема да се произведува, а ќе биде достапен преку Apple до потрошување на залихите. Со ова, еден од легендарните производи на компанијата заминува во историјата, но не и корисничкото искуство кое им го нудеше на корисниците.

Од Apple истакнуваат дека музиката ќе продолжи да живее преку нивните други уреди кои нудат најдобро искуство за нивниот Apple Music сервис преку кој, покрај целата колекција на корисниците, може да се користи и за неограничен стриминг.

„Музиката отсекогаш била дел од нашата суштина во Apple, и донесувањето на неа до стотици милиони корисници на начинот на кој iPod влијаеше повеќе отколку само на музичката индустрија – исто така го редефинираше како музиката се открива, слуша и споделува. Денес, духот на iPod продолжува да живее. Интегриравме неверојатно музичко искуство низ сите наши производи, од iPhone до Apple Watch до HomePod mini и преку Mac, iPad и Apple TV. И Apple Music испорачува врвен квалитет на звук во индустријата со поддршка за просторно аудио – нема подобар начин да уживате, откривате и доживувате музика“. – истакна Грег Џосвијак, постар потпретседател на Apple за глобален маркетинг.

iPod првпат беше претставен на 23 октомври 2001 година и слободно може да се каже дека направи своја мала револуција во начинот на слушање и откривање на музика. Дотогашната практика на купување на цели албуми, Apple ја промени со успешното договарање да песните посебно бидат достапни за доста ниска цена.

Со текот на годините беа претставени неколку дополнителни верзии од iPod, а како најнапреден може да се каже дека беше iPad touch кој во основа беше iPhone без можноста за правење на повици. Поради пониската цена во споредба со iPhone, некои корисници го користеа овој уред за добивање пристап до екосистемот на Apple, во време кога Android уште заостануваше доста зад iOS со достапноста и квалитетот на апликациите.

ИЗВОРApple
Претходна статијаSamsung Electronics ја врати довербата на кралското семејство
Следна статијаNetflix ќе претстави поевтина претплата со реклами до крајот на годината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.