Фото: Shutterstock.com

По одобрувањето на понудата од Елон Маск, во вредност од 44 милијарди долари, за купување на сите акции на Twitter, едно од првите прашања кои се поставија е дали Доналд Трамп ќе се врати на оваа мрежа.

Twitter беше омилениот начин за комуникација со јавноста на Трамп, а тој продолжи да ја користи својата повеќе популарна сметка и по доаѓањето на функцијата претседател на САД. Доналд Трамп знаеше да го привлече вниманието, не само на неговите поддржувачи, а неговите објави со внимание се читаа.

Сметката на Трамп беше суспендирана минатиот јануари за време на случувањата во Конгресот на САД, поточно упадот за време на инаугурацијата на Џо Бајден како претседател на земјата, а по непризнавањето на резултатите од страна на Трамп. Тој беше обвинет како предизвикувач на толпата која влезе во Конгресот, па покрај Twitter сметката, му беа блокирани и Facebook сметката, а беше „избркан“ и од уште неколку платформи.

Причината поради која се очекува дека Елон Маск би ја вратил сметката на Доналд Трамп е неговото константно повикување на слобода на говор, а и позитивното мислење за поранешниот претседател. Дали такво нешто се планира да се направи, уште не е објавено, но Трамп излезе со коментар пред да се знае иднината на неговата сметка.

Тој за Fox News истакна дека не планира да се врати на Twitter дури и ако неговата сметка биде вратена, а планира да почне да ја користи неговата нова TRUTH Social каде уште нема објавено ништо, но најави дека тоа ќе почне да го прави во наредните седум дена.

Трамп смета дека Маск ќе го подобри Twitter и дека тој е добар човек, но сепак ќе остане со TRUTH.

Новата друштвена мрежа на Доналд Трамп не започна баш најдобро, па покрај недостапноста на Android, мрежата има проблем со примање на нови корисници, а листата на чекање е доста голема. Двајца клучни директори во компанијата дури дадоа оставки, па се постави прашањето каква е иднината на мрежата, нешто што сигурно би станало повеќе оптимистично ако Трамп почне да ја користи.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаСедми „Mavrovo Maximum Adventure 2022“ тим билдинг настан во регионот
Следна статијаБесплатен и отворен настан за JavaScript ентузијасти со теми за блокчеин
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.