Фото: Shutterstock.com

Според повеќе извори со кои наводно имаат разговарано од Reuters, двајца клучни директори дел од новата друштвена мрежа зад која стои Доналд Трамп, Truth Social, имаат дадено оставки од своите позиции.

Како главна причина се истакнува лошиот почеток на мрежата која стана достапна при крајот на февруари, само за корисниците на iOS во САД. Недостапноста на Android не е главниот проблем, а техничките проблеми и долгата листа на чекање која уште ја има за приклучување се истакнува како главната причина за неуспехот.

Директорите кои имаат дадено оставки се главниот директор за технологија Џош Адамс и главниот на развој на производот Били Бузер. Овие две личности се сметаат како доста клучни во мрежата, па според еден од изворите со кои имаат разговарано од Reuters, нивното напуштање, доколку навистина се случи, би било голем проблем за мрежата.

Инаку, Доналд Трамп најави почнување на сопствена друштвена мрежа уште во 2021 по неговото блокирање на Twitter поради обвинувањата дека ги има мотивирано луѓето кои влегоа во Конгресот на САД за време на прогласувањето на Џо Бајден за претседател на земјата.

Голем дел од аргументите против двете најголеми друштвени мрежи може да се каже дека имаат логика, односно тие после години на критики дека не преземаат ништо за справување со наводните лажни вести, почнаа да блокираат објави само врз основа на тоа дали некој се сложува со нив или не.

Truth Social е дел од неколку нови мрежи кои тврдат дека нема да прават цензура на тоа што се објавува, но ниту една досега не успеа да направи доволно голем успех за да направи разлика, а и да видиме дали навистина нема да цензурираат.

Можеби подобар потег од почнување на нова мрежа е тоа што денес го направи Елон Маск, кој купи 9,2% од Twitter и влезе во одборот на директори на компанијата. Тој како голем критичар за цензура која ја прави Twitter, сега може да влијае на подобрување на тој дел од работата, но останува да видиме.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаМаск влегува во одборот на директори на Twitter по купувањето на 9,2% од акциите на компанијата
Следна статијаTwitter сепак ќе добие можност за измена на објавите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.