Фото: Shutterstock.com

По објавата дека Елон Маск стана сопственик на 9.2% од Twitter, првото прашање кој тој го постави на оваа мрежа беше дали корисниците сакаат да добијат копче за измена на објавите. Ова е нешто што на другите мрежи е достапно, но не и на Twitter, па доколку нешто е згрешено во некоја објава, истата може да се избрише и повторно да се објави.

Сега од компанијата потврдуваат дека тие работат на воведување на оваа можност, а првпат ова го спомнаа на 1ви април, па се сметаше за шега. Сепак не се работело за шега, па корисниците може да очекуваат дека ќе конечно ќе ја добијат можноста да прават измени на објавите.

Од компанијата посебно истакнуваат дека идејата за новата функција не им е од некоја анкета, а тие имаат започнато со развојот уште минатата година.

Тестирањето ќе започне во месеците што следат, што значи дека достапноста за сите корисници би требало да се очекува најрано во втората половина од оваа година.

Елон Маск, покрај тоа што стана најголемиот поединечен акционер во Twitter, тој стана и член на одборот на директори со мандат од 2 години, време во кое нема да смее да купи повеќе од 15% од компанијата.

Ако се земат во предвид коментарите кои тој ги имаше за мрежата изминатиот период, може да се очекува дека ќе има влијание во работата и правецот на движење на компанијата.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаДвајца директори дале оставки од своите позиции во новата друштвена мрежа на Доналд Трамп
Следна статијаМКЦ го најавува годинешниот фестивал ЗДРАВО МЛАДИ #12
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.